Македонската кошаркарска репрезентација имаше лош старт на претквалификацискиот турнир за СП кој се игра во Скопје, загубивме од Швајцарија со 67-62.
Отсуството на дел од носитлите на играта на Македонија силно се почувствува на денешниот меч против Швајцарија. Момците на Драган Бајиќ изгледаа немоќно.
Швајцарците тргнаа фуриозно, поведоа со 9-2 на стартот од мечот, но успеавме да се вратиме, направивме серија од 8-0 за 10-9, но нашето водство не траеше многу, гостите со 22-17 го добија првиот период.Во втората четвртина не успеавме да постигнеме ни двоцифрен број на поени, ја загубивме со 13-8 и на полувремето Швајцарија имаше предност од 35-25.
До крајот на мечот Швајцарците постојано го контролираа резултатот и на крајот заслужено дојдоа до триумф од 67-62.
Најрасположен во нашиот состав беше Адем Мекиќ кој постигна 16 поени, Џејкоб Вајли реализираше 15, Крстевски 13, а двоцифрен беше и Магдевски со 10. Во тимот на Швајцарија, Казади постигна 19, Ковач 11.
Следнниот меч на Македонија е во сабота протиив селекцијата на Словачка.