понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарите заминаа за Киев

Кошаркарите заминаа за Киев

Македонската машка кошаркарска репрезентација замина за Киев каде „црвено-жолтите“ ги очекува натпревар со Украина во второто коло од квалификациите за Светското првенство 2023.

Бидејќи нема директен лет, македонската експидиција ќе патува преку Виена, а по пристигнувањето ќе одржи тренинг во „Дворецот на спортовите“.

Драган Бајиќ на ова гостување ги поведе истите дванаесет кошаркари на кои сметаше на првата средба. Тоа се Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Адем Мекиќ, Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ, Џејкоб Вајли, Теодор Симиќ, Виктор Ефремовски, Андреј Маслинко, Кирил Николовски и Андреј Магдевски.

Како потсетување, натпреварот помеѓу Украина и Македонија е во понеделник со почетокот од 18 часот.