четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарките на Вардар најдобри во М12 лигата

Кошаркарките на Вардар најдобри во М12 лигата

Младите кошаркарки на Вардар се победници во М12 лигата, откако викендов беа најуспешни на завршниот турнир одржан во Скопје. До победничкиот пехар и златните медали „вардарки“ стигнаа по победата со 52:34 во финалниот дуел против екипата на Jасмин 95 од Кавадарци.

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Спорт Тим од Неготино излезе како победник во „малото финале“ против Струга 2009 (29:19), и ги освои бронзените одличја на турнирот.

Теа Трајковска, кошаркарка од победничката екипа, беше прогласена и за најкорисна на дводневниот собир на четирите најдобри екипи во оваа конкуренција.

Во машка конкуренција за оваа возрасна категорија, македонски шампион стана екипата на МЗТ Скопје Аеродром. (MИА)