четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кожув го совлада ФМП

Кожув го совлада ФМП

Кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија триумфираше на гостувањето кај ФМП Академија со 83-72 во заостанатиот натпревар од седмото коло во кошаркарската лига на Македонија.

Во првото полувреме двете екипи си поделија по една четвртина, по што на пауза се замина со израмнет резултат од 39-39.

Клучна во натпреварот беше третата четвртина која гостите ја добија со десет поени разлика (14-24) и до крајот успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф.