среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Крај на војната помеѓу ФИБА и Евролига

Крај на војната помеѓу ФИБА и Евролига

Светската кошаркарска федерација и кошаркарската Евролига ставија крај на неколкугодишниот конфликт со постигнат договор за понатамошно усогласување на календарите за клупските и репрезентативните натпреварувања.

Овој конфликт се одрази најмногу на репрезентациите кои во неможност да ги пратат најдобрите кошаркари на квалификациските натпревари често не успеваа да изборат место на континенталните или светските собири.