недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

КУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ го елиминира Работнички и е последниот полуфиналист

КУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ го елиминира Работнички и е последниот полуфиналист

ТФТ е последниот патник во полуфиналето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“  и ќе игра против МЗТ Скопје.

Бранителот на овој трофеј успеа да остане стабилен кога беше најпотребно против Работнички кого го совлада со 73-78.

Бишоп со постигна 23 поени, зад него беа Ташовски 16 поени и Костоски со 18. Кај Работнички, Форте имаше 27 поени, исто колку и Малешевиќ.