понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Л.А.Лејкерс го исфрлија шампионот и се пласираа во финалето на Западот

Л.А.Лејкерс го исфрлија шампионот и се пласираа во финалето на Западот

Лос Анџелес Лејкерс го елиминира актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс откако во шестиот меч го совлада со 122:101 и со тоа стигна со севкупна победа од 4:2 во полуфиналната серија.

Со тоа Лејкерс станаа првиот тим кој го елиминирал Голден Стејт пред НБА финалето уште од 2014 година. Голден Стејт играше на шест од осум НБА финалиња, а два пати го пропушти плеј-офот.

Кај Лејкерс најдобар беше Леброн Џејмс кој го заврши мечот со 30 поени, девет скокови и девет асистенции. По него следуваат Ривс со 23 поени, Расел со 19, Дејвис со 17 поени. Кај Вориорс Стеф Кари постигна 32 поени, имаше и шест скокови и пет асистенции.

Па така во конференциското финале (на Западот) Леброн и Лејкерс ќе играат против Денвер Нагетс предводени од Никола Јокиќ. Првиот меч се игра на 17 мај.