петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЛА Лејкерс договорија останување на уште две имиња

ЛА Лејкерс договорија останување на уште две имиња

Лос Анџелес Лејкерс успеа да ја комплетира мисијата за задржување на дел од важните играчи за ростерот и наредниот период, постигнувајќи договор со Д’Анџело Расел и Остин Ривс.

Расел прифатил двегодишен договор вреден 37 милиони долари, додека Ривс за четири сезони ќе може да заработи 56 милиони долари.

Ривс првата сезона ќе заработи 12,4 милиони долари, а потоа секоја наредна ќе добива покачување за 8 проценти, за вкупни 56 милиони долари.

Лејкерс успеаја да го задржат момчето кое се истакна со просекот од 13 поени, 3 скокови и 3,4 асистенции по натпревар и од него очекуваат да биде сериозна поддршка за екипата предводена од Џејмс и Дејвис.Претходно, Лејкерс објавија дека ја продолжиле соработката и со Риу Хачимура.