петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЛА Лејкерс се засили со двајца играчи пред новата фаза во НБА лигата

ЛА Лејкерс се засили со двајца играчи пред новата фаза во НБА лигата

НБА тимот на Лос Анџелес Лејкерс не успеа да обезбеди директно место во плејофот во НБА лигата, односно ќе мора преку плејин фазата да дојде до посакуваното разигрување за пехарот.

„Езерџиите“ во завршија регуларниот дел на седмото место во Западот, а тоа ќе значи дека ќе имаат два шанси да дојдат до плејофот, првата е против Минесота Тимбервулвс и ако победат одат на соочување со Мемфис Гризлис.

Ако загубат од „волците“ тогаш ќе го чекаат подобриот од Њу Орлеанс Пеликанс-Окламоха Сити Тандер за да се обидат да не ја завршат сезоната.

Пред овие натпревари клубот од Лос Анџелес ги засили своите редови со две имиња од кои едното веќе долго време настапува во НБА лигата и има шампионски прстен. Се работи за Тристан Томпсон кој заедно со Леброн Џејмс се радуваше на пехарот во 2016 година.

Вториот играч е Шакил Херисон кој е плејмејкер, негов последен тим беше Портланд Трејл Блејзерс.