Искусниот ЛаМаркус Олдриџ денеска соопшти дека става крај на кариерата.
Олдриџ на социјалните мрежи потврди дека ја завршува кариерата и дека бил приморен да ја раскине соработката со Нетси
„Денеска со тешко срце го пишувам ова. Последниот меч кој го одиграв, имав проблем со неправилното работење на срцето. Подоцна ситуацијата се влоши и навистина без загрижен. Следното утро и соопштив на екипата, ме одведоа во болница. Иако се чувствувам подобро, сепак, таа ноќе нема никогаш да ја заборавам. Затоа ја донесов оваа тешка одлука“, рече Олдриџ.