НБА-лигата со нови два тима и тоа Лас Вегас и Сиетл, кои ќе влезат во најсилната кошарска лига на светот, а според новинарот Рик Бухер од „ЕСПН“ објави дека наскоро сето тоа ќе биде официјализирано, од која година ќе влезат новите две франшизи во лигата.
Најинтересно од веќе познатата информација за влез на Лас Вегас и на Сиетл е дека ѕвездата Леброн Џејмс, кошаркарот на ЛА Лејкерс ќе биде новиот сопственик на франшизата во „градот на гревот“.
Ако ова се случи, тој би бил само втор кошаркар по Мајкл Џордан кој ќе има свој тим, зашто легендарниот „Ем Џеј“ е сопственик на Шарлот Хорнетс. Џејмс веќе е акционер во низа спортски клубови, еден е од неколкуте спортски милијардери, па има удели во Ливерпул (фудбал) и Бостон Ред Сокс (бејзбол), ама сега има шанса да биде мнозински акционер во кошаркарски клуб.