недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Ласо со оптимистичка изјава и фотографија

Ласо со оптимистичка изјава и фотографија

Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо, ги исплаши фановите откако медиумите потврдија дека бил пренесен во болница поради доживеан срцев удар.

Шпанскиот стрaтег експресно бил хоспитализиран во Мадрид и поминал без посериозни последици од здравсствените проблеми, па денеска испрати оптимистичка изјава, надополнета со фотографија.

Дома сум и се е во ред, имав среќа што животот ми испрати предупредување. Како што ми рече докторот, сега сум подобар од пред пет дена, имам желба што побргу да се вратам на работа, – порача Ласо.

Реал во моментов игра полуфинале во шпанскиот плејоф и има водство против Басконија со 2:0.