понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лејкерс ќе заработат 12 милиони долари на осум натпревари од регуларниот дел на сезоната

Лејкерс ќе заработат 12 милиони долари на осум натпревари од регуларниот дел на сезоната

Лос Анџелес лејкерс ќе заработи 12 милиони долари за учество на осум натпревари од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата по нејзиното рестартирање.

Лејкерс заработуваат околу 1,5 милиони по натпревар според договор со локалната телевизиска компанија „Spectrum SportsNet“.

Продолжувањето на сезоната ќе им овозможи на „езерџиите“ да добијат голема сума пари. Во исто време, скратениот редовен сезонски календар ќе резултира во загуба од околу осум милиони за клубот.