Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард посакува претстојната сезона да биде во негов знак и да оствари резултати кои ќе останат запишани во историјата на НБА лигата.
– Исто толку многу сакам да победувам и со ЛА Клиперс, како со било кој друг клуб. Луѓето се заинтересирани да видат дали ќе постигнеме добри резултати оваа сезона. Сакам да победувам секоја година, сакам да се запишам во историјата оваа сезона. Главната работа е да се забавувате и да го давате најдоброто од себе на секој натпревар, изјави Ленард.
Тој дојде во Лос Анџелес како слободен агент. Претходната сезона го предводеше Торонто репторс до шампионскиот трофеј.
Кариерата во НБА лигата, Ленард ја почна во Сан Антонио во 2011 година и беше дел од Спарс до 2018 година.