вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лео Вестерман ќе игра во Германија

Лео Вестерман ќе игра во Германија

Французинот Лео Вестерман пронајде нов ангажман и кариерата ќе ја продолжи во германскиот шампионат. Поранешниот член на белградски Партизан се договори со тимот на Кралсхајм Мерлинг, а соработката беше најавена и на официјалниата клупска страница.

Договорот на Вестерман е со важност до февруари 2024 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

„Искусниот Вестерман доаѓа во нашиот клуб со резиме од 176 натпревари во Евролигата и 27 меѓународни мечеви со својата репрезентација. Играчот висок 198 сантиметри, ќе го носи дресот со бројот „19“ во нашиот клуб“, стои во краткото соопштение од Кралсхајм.