сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лео Вестерман потпиша за Цедевита Олимпија

Лео Вестерман потпиша за Цедевита Олимпија

Францускиот кошаркар Лео Вестерман е блиску до враќање во АБА лигата, конкретно до Цедевита Олимпија. На тимот од Љубљана му треба нов плејмејкер, бидејќи Јустус Холац, кој летово потпиша за клубот од Љубљана, кариерата ќе ја продолжи во Анадолу Ефес.

Изборот падна на Вестерман, кој по девет години ќе се врати во АБА лигата. За Партизан настапуваше од 2012 до 2014 година, а по црно-белите играше за Лимож, Жалгирис, ЦСКА, Фенербахче, Барселона, Монако и Обрадоиро.

Со француската репрезентација 31-годишниот Вестерман има бронзен медал од Евробаскетот во 2015 година.