недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Вестерман повторно во Жалгирис

Вестерман повторно во Жалгирис

Францускиот кошаркар Лео Вестерман по една сезона помината во ЦСКА Москва се врати во Жалгирис, објави литванскиот шампион.

26-годишниот плејмејкер потпиша договор на една плус една сезона.

Минатата сезона во дресот на рускиот првак, Вестерман во Евролигата имаше просек од 4,6 поени, 1,9 асистенции и 1,7 скока по натпревар.

Во својата кариера има играно и за Партизан, Лимож, АСВЕЛ. Со француската репрезентација го освои бронзениот медал на Европското првенство во 2015 година. (МИА)