Тимот на Мајами е во големото финале на НБА лигата , откако го доби седмиот и решавачки натпревар против Бостон со 103-84.
Мајами сосема заслужено се пласираше во финалето каде ќе се обиде да ја освои четвртата титула (шампиони беа во 2006, 2012 и 2013), во финалето ќе игра против Денвер Нагетс на Никола Јокиќ, за кого ова ќе биде прво финале. Првиот натпревар од финалето ќе се игра ноќта од петок кон сабота.
Јунак на натпреварот беше Кејлеб Мартин, кој постигна 26 поени со сензационални шутеви за 11-16 (4-6 тројки) заедно со десет скока и три асистенции.
Два поени повеќе од него имаше Џими Батлер, кој беше прогласен за МВП на финалето во Источната конференција.