Кошаркарите на Мајами хит поставија нов рекорд во НБА лигата со погодени 40 од 40 слободни фрлања во победата од 112:111 ноќеска против Оклахома.
Рекордот претходно го држеше Јута, која реализираше 39 од 39 против Портланд на 7 декември 1982 година.
Лидерот на „жешките“ Џими Батлер шутираше 23 од 23 од линијата. Ова е повторување на вториот најдобар резултат за слободни фрлања во историјата на НБА без ниту едно промашување во еден натпревар. Рекордот (24 од 24) им припаѓа на Џејмс Харден (3 декември 2019 година) и Дирк Новицки (17 мај 2011 година). Доминик Вилкинс исто така реализираше 23 од 23 во меч во 1992 година.
Последното слободно фрлање на Батлер на 12,9 секунди до крајот на четвртата четвртина му донесе победа на Мајами со 112:111.