среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија поразена од БиХ во полуфиналето на ЕП за кошаркари до 16 години

Македонија поразена од БиХ во полуфиналето на ЕП за кошаркари до 16 години

Кадетската репрезентација на Македонија претрпе пораз од домаќинот Босна и Херцеговина во полуфиналето на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години што се одржува во Сараево.

Избраниците на Александар Јованчев беа поразени со 95:76, но се уште имаат шанси за пласман во дивизијата А. За тоа ќе мора да остварат победа во натпреварот за третото место, каде ќе се соочат со поразениот од вечерашниот втор полуфинален дуел помеѓу Русија и Чешка.

Македонските кошаркари во првото полувреме се обидоа да се наметнат и да му пружат отпор на посилниот противник, а на паузата се заминаа со израмнети 50:50.

Но, домаќините во третата четвртина дојдоа до двоцифрена предност, која ја одржуваа до крајот на натпреварот и извојуваа сигурна победа.

Гоце Петрушевски со 18 поени беше најефикасен во македонската репрезентација.

(Миа)