Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џекоб Вајли беше претставен како нов играч на Касадемонт Сарагоса во Шпанија.
Американецот со македонски пасош во интервјуто дадено за официјалниот сајт на новиот тим истакна дека е задоволен од приемот што го имал во новата средина и првиот меч кој го очекува, е против Хувентуд за кој настапува репрезентативниот колега Ненад Димитријевиќ.
– Сите ме пречекаа со раширени раце. Благодарност до соиграчите и стручниот штаб што ми го олеснија создавањето на многу позната атмосфера во која адаптацијата беше многу полесна, потенцираше македонскиот репрезентативец.