Четвртиот натпревар од четвртфиналето во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид ќе почне со минута молчење поради трагедијата која денеска се случи во белградското Основно училиште „Владислав Рибникар“.
Организаторите соопштија дека за време на утрешниот натпревар во арената „Штарк“ нема да се емитува ниту музика.
Партизан води во серијата до три победи со 2-1.
Осум деца и член на училишното обезбедување беа убиени утрово во оружен напад на 14-годишен ученик во ОУ „Владислав Рибникар“ лоцирано во центарот на Белград.
Поради трагедијата во Србија е прогласена тридневна жалост.