НБА тимот на Феникс објави дека е потпишан нов договор со тренерот на оваа екипа, Монти Вилијамс, кој и во наредните пет сезони ќе седи на клупата на „сонцата“.
Вилијамс имаше уште две години од актуелниот договор, но одличните резултати што овој стратег к ги имаше во изминатиот период беа причина клубот да му понуди значително зголемување на платата за уште подолго да го задржи на кормилото.
Вилијамс е актуелен добитник на признанието за „тренер на годината“, награда што овој стратег ја доби во претходните две сезони од најсилната кошаркарска лига во светот.
Тој го предводеше Феникс до големото финале во 2021 година, додека сезонава стигна до мајсторка во плејоф серијата со Далас, дуел што „сонцата“ неочекувано го загубија на домашен терен.