вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ го преживеа Куманово, Работнички со четврта победа во серија

МЗТ го преживеа Куманово, Работнички со четврта победа во серија

Екипите на МЗТ Скопје и Работнички забележаа победи на заостанатите мечеви од македонскиот кошаркарски шампионат.

„Штрковите“ го избришаа лошото издание против Гостивар со квалитетна игра против Куманово, средба која им припадна на аеродромци со 93-87.

Мекиќ беше извонреден со 24 поени, Тарнер додаде 17, додека пак Крстевски и резирвистот Олуџоби по 16 кошеви. Кај кумановици Робев ја предводеше листата на стрелци со 20 поени.

Работнички пак против ТФТ дојде до четвртиот триумф во низа сега со 81-78.

Бундовиќ беше најрасположен за игра со 27 поени, Торнтон и Питс имаа по 14, исто колку и центарот Младеновски кој зад своето име додаде уште 18 скокови.

Николов и Херис за ТФР искомбинираа 31 поен.