сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ и Работнички казнети со вкупно 30.000 денари

МЗТ и Работнички казнети со вкупно 30.000 денари

Најтрофејните македонски кошаркарски клубови МЗТ Скопје и Работнички ги дознаа казните за однесувањето на навивачите во првото „вечно дерби“ сезонава.

Денес КФСМ го објави третиот овосезонски билтен во кои се наведени причините за казните кои ги добија скопските клубови. Вкупно двата клуба на федерацијата ќе треба да и платат сума од 30.000 денари. Причина за казната се неспортското навивање, фрлање факел и други предмети на теренот.

Казните на двете страни се по 8.000 денари за неспортското скандирање во текот на натпреварот, додека

Работнички доби дополнителни 14.000 денари за фрлениот факел и останатите предмети на паркетот. Освен тоа акутелниот шампион на Македонија доби и опомена затоа што на дресовите не стоеше логото на федерацијата.