петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје доживеа пораз на вториот контролен натпревар

МЗТ Скопје доживеа пораз на вториот контролен натпревар

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаа уште еден пораз на подготвителните натпревари за новата сезона.

Пред неколку дена подобар од македонскиот првак беше грчкиот тим Арис, додека пак денеска „штрковите“ беа надиграни од косовска Пеја со 109-94.

Ова беше ефикасен меч кој МЗТ го загуби со лоша игра во вториот дел во кој прими дури 61 поен.

Наредниот тест за клубот од Аеродром е против Гостивар на 14 септември.