Кошаркарите на МЗТ Скопје го освоија првиот трофеј во новата сезона и тоа во рамките на Суперкупот каде го совладаа составот на Феникс 2010 со 76:54.
Ова за популарните „штркови“ е шеста титула во ова натпреварување, а до истата стигнаа со подобра игра од противникот пред се во второто полувреме.
Феникс беше рамноправен ривал во првите 20 минути, поточно избраниците на Атанасов имаа само минимална предност од 33-29. Во третиот период фаворитот дополнителни притисна и со 27-15 се стекна со двоцифрена позитива која беше недостижна за противникот.
Војдан Стојановски со 13 поени беше прв стрелец кај победникот за кој Расел уфрли 12 кошеви со 3 скока. На другата страна најефикасен беше Шакур со 18 кошеви.