Шампионот МЗТ Скопје резултатски лесно го реши Рабитнички со 19 коша разлика, поточно 66-47 во веното дерби. Вечното дерби на македонската кошарка, како и секогаш, донесе доста возбудувања, не баш висок квалитет на играта, и победа на фаворитот, макар бил и „на хартија“.
МЗТ Скопје Аеродром го „избриша“, макар и делумно, киксот со Гостивар, најави уште подобра форма во пресрет на следните предизвици кои ги има на двата фронта, домашниот и јадранскиот.
Ајви кај МЗТ и Крофорд кај Работнички со по 16 поени беа најефикасни на натпреварот, а двоцифрени беа само уште Војдан Стојановски и Филип Бакоч. По три кола шампионот има биланс 2/1, а Работнички уште ја чека првата победа во новата сезона.