понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје и Пелистер со воведни победи во полуфиналето на плеј-офот

МЗТ Скопје и Пелистер со воведни победи во полуфиналето на плеј-офот

Пелистер одигра силно прво полувреме, имаше „плус 25“ против Еуро Никел 2005, доволно за прв триумф во полуфиналната плеј-оф серија „подобар од три“ (94:83) во рамките од Првата лига.

Кај стрелците во Пелистер со 27 поени (шест асистенции) се истакна Малешевиќ, а за Еуро Никел 24 поени беа дело на Ѓекиќ. Веќе во недела, но во салата „Јасмин“ во Кавадарци, ќе се игра вториот меч од оваа серија.

Исто така првиот чекор ново финале го направи и МЗТ Скопје кој дома со 77:52 го совлада ТФТ. Милошевиќ беше најефикасен во МЗТ со 13 поени, без ниту едно промашување од поле и со осум скока, а на спротивната страна 13 поени реализираше Хортон, плус седум скока.

Првата шанса за пласман во финалето клубот од Аеродром ќе ја има в недела, кога му гостува на ТФТ (20.30 часот) во салата во СРЦ „Кале“, додека евентуалната „мајсторка“ би се играла во вторник повторно на домашен терен во „Јане Сандански“.

Прва лига, плеј-оф

Пелистер – Еуро Никел 94:83 (1:0)
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 77:52 (1:0)