петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје и Работнички првото јадранско дерби ќе го играат во Сарајево

МЗТ Скопје и Работнички првото јадранско дерби ќе го играат во Сарајево

Кошаркарската АБА  лига и челниците кои работат со неа го одредија терминот за третиот „балон“ во второлигашката конкуренција, а домаќин ќе биде градот Сарајево.

Терминот за одигрувањето на нови три кола од АБА 2 лигата е одреден од први до седми март, во спортскиот комплекс „Илиџа“.

Нашите два претставника МЗТ Скопје и Работнички ќе го одиграат своето прво меѓусебно јадранско дерби токму во Сарајево, на трети март со почеток од 12:00 часот е закажан нивниот меѓусебен дуел.

МЗТ Скопје ќе игра против Ловќен, додека Работнички ќе се сретне со Сутјеска. Во последната рунда во „Илиџа“, „штрковите“ ќе играат против Младост од Земун, додека Работнички ќе ги одмери силите со Широки.