Најдобриот кошаркар на шампионот Милвоки, Јанис Антетокумпо, излезе од безбедносниот и здравствен протокол што го пропишува НБА лигата и ќе може да настапи за својот тим веќе на следниот натпревар против Бостон на домашен терен.
Грчката кошаркарска ѕвезда отсуствуваше од тимот од 15 декември, а Милвоки во тој период одиграа пет натпревари од кои два загуби.
Милвоки со ефект од 21-13 во моментов е на третото место во источната конференција зад Бруклин (21-9) и Чикаго (19-10), чиј тренер Били Донован во петокот влезе во здравствено – безбедносниот протокол.
Антетокумпо сезонава досега одигра 26 натпревари со ефект е 27 поени по натпревар, 11.6 скокови, 5.8 асистенции и 1.6 блокади.