Кошаркарите на Атланта и Њу Орлеанс ги пополнија последните две места во разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако и двете екипи синоќа славеа во завршните плеј-ин натпревари, и тоа на гостински терен.
Аталанта триумфираше над Кливленд со 107-101 и во првиот круг од плејофот ќе игра против Мајами, најдобрата екипа во регуларниот дел од сезоната во Источната конференција.
Њу Орлеанс, пак, во Лос Анџелес ги совлада „Клиперси“ со 105-101 и на стартот од плејофот ќе се соочи со најдобрата екипа на Западот, Феникс. (МИА)