НБА играчот Кари Ирвинг веќе неколку сезони е во центарот на вниманието, пред сè поради непромислените работи што ги прави и поради куп скандали отколку за кошарката. Долго време не можеше да игра за Бруклин Нетс поради одбивањето да се вакцинира, а сега е во големи проблеми поради антисемитските коментари кои ги даде, поради кои на крајот се извини.
Бруклин Нетс наметнаа услови кои мора да ги исполни за да се врати на теренот, беше суспендиран и казнет, но сега од САД пристигнуваат вести дека по овие коментари Кари Ирвинг би можел да стави крај на својата кошаркарска кариера. Како што пренесува „Фејдавеј ворлд“, неговата пазарна вредност е нула и никој не го сака во својот тим.
Вредноста на маркетинг планот е исто така нула, бидејќи Најк ги прекина сите спонзорства со него и остана без речиси ниту еден спонзор, а сега американските медиуми пренесуваат дека неколку неименувани генерални менаџери на НБА тимови сметаат дека кариерата на Кари е завршена и дека тој никогаш нема да игра повторно во најдобрата лига во светот!
- Тој повеќе не вреди, а премногу е платен, изјави еден генерален менаџер за „Фејдавеј ворлд“, а друг додаде: „Мислам дека Кари никогаш повеќе нема да игра во НБА“.