петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Феникс и Денвер обезбедија полуфинале на Западот, Јанс спасител на Атланта

НБА: Феникс и Денвер обезбедија полуфинале на Западот, Јанс спасител на Атланта

Тре Јанг ги постигна последните 14 поени за Атланта, заокружени со решавачката тројка на неколку секунди до крајот и обезбеди шести натпревар за својот тим во серијата со Бостон.

Првата ѕвезда на Хоукс издоминира во решавачкиот период и успеа да погоди од тешка позиција преку Браун за конечни 117:119 и продолжување на серијата во која противникот влезе како голем фаворит.

Селтикс сега водат со 3:2, а најефикасни на дуелот одигран утринава биле Јанг со 38 и Браун од Бостон со 35 поени.

Денвер и Феникс обезбедија полуфинале во западната конференција откако против Минесота и Л.А Клиперс стигнаа до четвртата победа во серијата.

Никола Јокиќ запиша уште еден трипл-дабл со 28 поени, 17 скокови и 12 асистенции, додека Мари бил најефикасен кај победничката екипа со 35 поени.

Букер уфрли дури 47 поени во дуелот со Клиперс, Дурент додаде 31, а Феникс со убедливи 4:1 ја заврши серијата со тимот од Ел-Еј и се пласираше во следната рун