четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Филаделфија дури по продолжениja израмни на 2-2 против Бостон

НБА: Филаделфија дури по продолжениja израмни на 2-2 против Бостон

Џејмс Харден и Џоел Ембид заедно искомбинираа 76 поени од вкупно 116 колку што постигна Филаделфија за голема победа дури после продолжение против Бостон.

Домашните во текот на целиот натпревар имаа константно водство, кое почна да се топи во последниот период од натпреварот. Бостон беше многу блиску и до комплетен пресврт, но сепак поснаодливи и посреќни во продолженијата беа домашните кошаркари кои забележаа победа од 116-115, откако мечот заврши 107-107.

Татум и Браун со 24, односно 23 поени беа најпрецизни во поразениот состав, додека Харден со 42 и Ембид со 34 го предводеа составот на Филаделфија до втората победа во серијата против Бостон.