сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА и Здружението на играчи се согласија за поголемо осигурување при сериозни повреди

НБА и Здружението на играчи се согласија за поголемо осигурување при сериозни повреди

Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Здружението на играчи на лигата постигнаа договор со кој ќе бидат обезбедени 2,5 милиони долари осигурување при повреди на крајот на кариерата, објави „ЕСПН“.

Осигурувањето ќе ги покрие повредите добиени на теренот, вклучително и КОВИД-19.

Покрај тоа, исплатата ќе биде во прилог на приходите од договорот и опфаќа активни играчи до 35-годишна возраст.

Претходно се плаќаше приближно 312,000 американски долари, според американското издание.