четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Јокиќ со нов рекорд во најсилната кошаркарска лига

НБА: Јокиќ со нов рекорд во најсилната кошаркарска лига

Српскиот кошаркарски репрезентативец Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч за Денвер нагетс, предводејќи ја својата екипа до рутинска победа од 121-108 на дуелот со Кливленд. Српскиот центар одигра фантастично, реализирајќи 28 поени, 15 скокови и 10 асистенции.

Со ова издание, Јокиќ стана само четврти играч во историјата на НБА-лигата што во шест различни сезони остварил двоцифрен број на трипл-дабл натпревари. Пред Србинот, тоа им успеало само на Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук.

Феникс го претрпе и петтиот пораз во низа, губејќи пред своите гледачи од Мајами со 96-104. ЛА Лејкерс конечно влегоа во триумфален ритам, славејќи над Атланта со 130-114 за својата четврта победа во серија. Леброн Џејмс повторно беше лидери на лејкерси со 25 поени и 10 асистенции, но одлична помош доби од Нан со 23 и Шредер со 21 постигнат поен.

Резултат НБА:

Индијана – Портланд 108-99, Филаделфија – Чикаго 112-126, Њу Орлеанс – Бруклин 102-108, Торонто – Њујорк 108-112, Милвоки – Шарлот 109-138, Оклахома – Вашингтон 127-110, Сан Антонио – Детроит 121-109, Денвер – Кливленд 121-108, Минесота – ЛА Клиперс 128-115, Феникс – Мајами 96-104, ЛА Лејкерс – Атланта 130-114.