По соработка која траеше осум години НБА-лигашот Јута Џез објави разделба со досегашниот тренер Квин Снајдер.
Телевизијата ЕСПН јави дека одлуката на клупското раководство го затекнала Снајдер, иако тој подоцна понуди кратка изјава со поинаква содржина.
– По осум години заедничка работа очигледно ова мораше да се случи, изјави Снајдер.
Како главни кандидати за негов наследник се споменуваат Џони Брајант, сегашниот помошник тренер на Њујорк и Тери Стотс, поранешниот тренер на Портланд.