Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс триумфираа во „мајсторката“ против Сакраменто Кингс и се пласираа во полуфиналето на Западната Конференција каде ќе се сретнат со Леброн Џејмс и ЛА Лејкерс.
Тимот на Стив Кер славеше со убедливи 100-120, а нов рекорд во НБА лигата постави неверојатниот Стеф Кари кој постигна 50 поени.
Никој во историјата на лигата досега не постигнал 50 поени во седми натпревар од плеј-офот, а плејмејкерот на Голден Стејт буквално „експлодираше“ во второто полувреме и сам го дотолчи Сакраменто.
Стеф Кари беше феноменален и почна од сите страни да го полни кошот на домаќините, а од голема помош му беше и извонредниот Кевон Луни кој запиша 11 поени и дури 21 скок, од кои девет офанзивни.
Кај Сакраменто прво име беше Домантас Сабонис со 22 поена и осум скокови.