среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Лејкерси го декласираа Голден Стејт за ново водство од 2-1 во серијата

НБА: Лејкерси го декласираа Голден Стејт за ново водство од 2-1 во серијата

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, одново победија на домашен терен во дуелот со Голден Стејт, и повторно водат во серијата со 2-1 во полуфиналето на Западната Конференција.

Лејкерси убедливо со 30 разлика 127-97 го совладаа противникот, благодаренире на одличната игра во втората и во четвтрата четвртина кога го „декласираа“ противникот.

Иако ја загубија првата четвртина со 23-30, во втората целосно се вратија и ја добија со дури 18 разлика, за предност на полувремето.

Третата четвртина ја зголемија предноста добивајќи ја со 27-20, а целосниот „потоп“ на Голден Стејт се случи во последниот период кога тимот од Лос Анџелес уфрли 41 поен, наспроти противничките 29.

Дејвис со 25 поени го предводеше домашниот тим во победата, додека Леброн со 21 беше вториот најефикасен кај победничката екипа.

Кај гостите Кари беше најдобар со 23 поени.