сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА лигата менува правило околу драфтот

НБА лигата менува правило околу драфтот

Раководството на НБА-лига и Здружението на играчи ќе постигнат договор за намалување на минималната возраст на играчите кои можат да се пријават на драфтот од 19 на 18 години, со што повторно би се отворила можноста за влез во најсилната лига во светот директно од средно школо. Новото правило ќе стапи на сила во 2024 година.

Минималната возраст за кошаркарите да влезат на драфтот беше зголемена од 18 на 19 години во 2005 година, откако сè поголем број играчи го прескокнаа факултетот.

Вкупно 46 играчи дојдоа директно од средно училиште во НБА, од кои најпознати се Леброн Џејмс (2003), Коби Брајант (1996), Кевин Гарнет (1995), Двајт Хауард (2004) и Трејси Мекгрејди (1997).