петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА лигата може да ја намали серијата на плејофот на три натпревари

НБА лигата може да ја намали серијата на плејофот на три натпревари

Раководството на најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, може да ја намали серијата на плеј-офот од седум на три натпревари во случај да продолжи сезоната 2019/20.

Во моментов, НБА лигата ги разгледува сите можни опции. Сопствениците на клубовите се надеваат дека лигата ќе може да одржи полноправен плеј-оф со 16 екипи и серија од седум натпревари, со празни трибини. Како последна можна опција е и одигрувањ ена само еден натпревар во плејофот.

НБА ја прекина сезоната поради пандемија на коронавирус. Сопствениците на клубовите очекуваат да продолжи сезоната на лето.