петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер поведе против Минесота со 3-0 (ВИДЕО)

НБА: Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер поведе против Минесота со 3-0 (ВИДЕО)

Екипата на Денвер дојде до предност од 3-0 против Минесота откако славеше гостинска победа со 120-111, Њујорк поведе со 2-1 против Кливленд по триумфот од 99-79, Атланта намали на 1-2 против Бостон, на свој терен дојде до победа од 130-122 на средбите во НБА лигата во разигрување за титулата кои се одиграа изминатата ноќ.

Денвер одлично го почна плејофот на Западната конференција дојде и до гостински триумф над Минесота и потребна им е само уште една победа за пласман во конференциското полуфинале.

Домаќините имаа водство само во текот на првиот период, потоа Денвер го сврте резултатот и ја одржуваше позитивата до крајот за победа од 120-111.

Никола Јокиќ на оваа средба запиша нов трипл-дабл со 20 поени, 12 асистенции и 11 скокови, поефикасен од него во Денвер беше Портер со 25 поени.

Најдобар на мечот беше кошаркарот на Минесота Едвардс кој постигна 36 поени, додека Таунс постигна 27.

Њујорк лесно, со 20 поени разлика го совлада Кливленд и поведе со 2-1 во серијата. 99-79 беше конечниот резултат на мечот. Брансон со 21 поен беше најефикасен во победничкиот тим, Барет даде 19 поени. Во составот на Кливленд, Мичел постигна 22 поени.

Атланта предводена од Тре Јанг дојде до победа од 130-122 над Бостон и намали на 1-2. Јанг постигна 32 поени, имаше и девет асистенции. Во тимот на Бостон најдобар беше Тејтум со 29 поени и 10 скокови.