петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Победи на Милвоки и Голден Стејт

НБА: Победи на Милвоки и Голден Стејт

Милвоки предводени од Јанис Адетокумбо славеше против Индијана со убедливи 131-141 на гостински терен. Овој дуел Бакси го решија уште во првото полувреме кога постигна повеќе од 80 поени.

Грчкиот ѕвер беше незапирлив, запиша дабл-дабл од 41 поен и 12 скока, зад своето име додаде уште пет асистенции. Холидеј добро го пратеше со 23 поени. Кај домашниот тим, Тарнер имаше 24 поени.

Стеф Кари во победата на Голден Стејт над Торонто (129-117) броеше до 37 поени и 11 асистенции, оствари и седум скока. Клеј Томпсон беше втор стрелец со 28 поени и осум скока. Тимот на Стив Кер имаше 55,6% реализација од игра.

Резултати: Индијана – Милвоки 131-141, Минесота – Мемфис 111-1000, Мајами – Орландо 110-105, Оклахома – Кливленд 112-100, Голден Стејт – Торонто 129-117.