недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА: Стеф Кари сам го победи Милвоки, Далас без Дончиќ и Ирвинг поразен од Мемфис

НБА: Стеф Кари сам го победи Милвоки, Далас без Дончиќ и Ирвинг поразен од Мемфис

Кошаркарот на Голден Стејт Стеф Кари ја одигра најдобрата партија по враќањето од повреда во победата на актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс на домашен терен против Милвоки Бакс по продолженија од 125-116.

Кари прво погоди тројка за продолженија, а подоцна и го одведе својот тим до нов триумф сезонава. Тој мечот го заврши со 36 поени, додека кај поразените во отсуство на Јанис Адетокумбо Мидлтон и Лопез постигнаа по 19 поени.

Далас Маверикс без Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг загуби на гостувањето кај Мемфис Гризлис со 112-108.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: ЛА Клиперс – Њујорк 106-95, Шарлот – Јута 111-119, Детроит – Индијана 115-121, Орландо – Мајами 126-114, Атланта – Бостон 125-134, Хјустон – Чикаго 111-119, Њу Орлеанс – Оклахома 96-110 и Феникс – Сакраменто 119-128.