вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА суспендираше 11 кошаркари за тешкиот инцидент на мечот помеѓу Детроит и Орландо

НБА суспендираше 11 кошаркари за тешкиот инцидент на мечот помеѓу Детроит и Орландо

НБА натпреварот помеѓу Детроит и Орландо го одбележа ретко виден инцидент во поновата историја на првенството откако непосредно пред крајот на првото полувреме дојде до масовна тепачка помеѓу кошаркарите на двата тима.

Дисциплинската комисија на првенството детално ја истражи немилата сцена по што се одлучи на тешка казна и суспензија на 11 кошаркари од двата тима.

Најголемата казна ја доби Хејс кој поради ударот зад грб доби казна без право на настап во три натпревари за кои нема да добие ни плата, а Диало беше казнет со еден меч. Вагнер кој помина најлошо во инцидентот заработи казна од два натпревари, а преостанатите осум се играчи на Орландо кои дотрчаа од клупата.

Но, за Меџик да има доволно кошаркари за настап на следните натпревари суспензијата ќе биде во групи по четири играчи во следните два натпревара.