среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА воведува построги казни

НБА воведува построги казни

НБА лигата го претстави предлогот за промена на правилата за следната сезона.Како што информира Адријан Војнаровски и ЕСПН, челниците на НБА на сите тимови им испратиле меморандум за промената на правилникот за одмор на главните ѕвезди.

Ова најмногу ќе важи за натпреварите кои ќе се пренесуваат на националната телевизија во Соединетите Американски Држави, а конечната одлука ќе биде донесена во среда кога ќе гласаат сите.

Според новите правила, НБА ќе ги казни тимовите со 100.000 долари за првиот прекршок илегално одмарање играч, 250.000 долари за вториот и минимум 1.000.000 долари за секој следен прекршок.

Доколку случајот се покаже како посериозен, лигата ќе има можност построго да ги казнува тимовите и играчите.