Во натпреварот во забивање во историјата на „Ол-стар“ викендот во Кливленд победата му припадна на Оби Топин од Њујорк никс.
Многуте грешки на неговите противници го одбележаа натпреварувањето, а ѕвездата на Никс беше единствениот кој што понуди нешто добро, па затоа на крајот и без проблеми стигна до трофејот.
За разлика од натпреварот во забивање, тој во шутирање тројки ни го донесе неверојатниот Карл-Ентони Таунс. Центарот на Минесота Тимбервулвс беше неверојатен во финалната рунда и со 29 поени стигна до трофејот.
Во натпреварот во вештини трофејот му припадна на тимот на Кливленд (Гарланд, Мобли, Ален), пред тимот Адетокумбо и тимот на „новајлиите“.
Obi Toppin had some creative dunks to become the #ATTSlamDunk Champion! 🏆 #StateFarmSaturday #NBAAllStar pic.twitter.com/Mt0DJqgjbc
— NBA (@NBA) February 20, 2022
Obi Toppin goes through the legs and taps the backboard with the ball to WIN #ATTSlamDunk! 🏆#NBAAllStar #StateFarmSaturday pic.twitter.com/nsf39DHLEk
— NBA (@NBA) February 20, 2022