На програмата овој викенд се натпреварите од 14. коло на Првата македонска кошаркарска лига, но наместо шест ќе се одиграат четири дуели.
Откако вчера беше одложен натпреварот меѓу Феникс 2010 и Пелистер же има ново одложување.
Поради четири позитивни кошаркари во таборот на Работнички, нема да се одигра пресметката кај Ангели во Кисела Вода.
Дуелот на „фенерџијата“ и најтрофејниот македонски тим беше планиран за утре (сабота) со почеток од 15:00 часот, но истиот е одложен. Комесарот за натпреварување ќе договори нов термин за оваа пресметка во консултација со двете засегнати екипи.