Три натпревари од регуларната сезона во НБА лигата на кои требаше да настапи тимот на Сан Антонио Спарс се одложени поради зголемен број на заразени со коронавирусот во рамките на самиот клубот.
Во понеделникот, мечот на Сан Антонио со Детроит беше одложен откако беше откриен случај на коронавирус кај еден од кошаркарите на оваа екипа. Во карантин влегоа и неколку други играчи на Сан Антонио кои биле во близок контакт со него.
Денеска НБА лигата потврди дека има уште четири случаи на заразени во тимот.
Затоа веднаш се одложени средбите кои тимот на Грег Попович требаше да ги игра со Кливленд на 18 февруари, Њујорк 20 февруари и Индијана 23 февруари.